Сложени форми со помошниот глагол има
Македонски Јазик VII одделение :: Македонски Јазик VII одделение граматика :: Македонски Јазик VII одделение граматика
Page 1 of 1
Сложени форми со помошниот глагол има
Сложени форми со помошниот глагол има
Со помош на помошниот глагол има се утврдува еден момент (на соопштувањето или некој минат или иден момент) до кој се сведува извршеноста на едно дејство или претпоставката за неговото извршување: имам дојдено значи дека дејството е извршено воопшто во минатото до моментнтов на соопштувањето; имав дојдено значи дека дејството се извршило до еден одреден момент во минатото; ќе имам дојдено значи дека се претполага извршувањето на дејството пак до одреден момент во идноста. Со времињата, во кои влегува л-формата од помошниот глагол, се предава прекажано дејство. Поради блискост во значењето, формите со има/нема и тие на минатото неопределено време можат да се заменуваат (временски нефиксирано дејство) (Се немаме видено две години = Не сме се виделе две години). Заменувањето не е вообичаено кога дејството поблиску се сврзува со одреден момент или период во минатото (Сум ти станал ноќеска. Не би одело “Ти имам станато ноќеска”).
* Примери:
* имам (немам) земено, влезено, носено, бегано; имаш (немаш) земено итн.
* имав (немав) земено итн.
* сум имал (немал) земено итн.
* ќе имам (не ќе имам, нема да имам) земено итн.
* ќе имав (не ќе имав) земено итн.
* ќе сум имал (нема да сум имал, не ќе сум имал) земено итн.
* (не) би (сум) имал земено итн.

Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum
|
|