Македонски Јазик VII одделение
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Дијалекти на македонскиот јазик

Go down

Дијалекти на македонскиот јазик Empty Дијалекти на македонскиот јазик

Post  Viktor Krstevski Sun Dec 21, 2008 12:13 pm

Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па се до Егејското Море (или Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е поспориот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборење, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти Има над 3 милиони говорници.

Viktor Krstevski
Admin

Posts : 14
Join date : 2008-12-21

http://makedonski.board-directory.net

Back to top Go down

Дијалекти на македонскиот јазик Empty Re: Дијалекти на македонскиот јазик

Post  Viktor Krstevski Sun Dec 21, 2008 12:13 pm

Запад

На запад, македонската јазична територија граничи со албанскиот јазик. Поголемиот дел од таа јазична граница се совпаѓа со државната граница меѓу Македонија и Албанија, а на географски план неа ја претставуваат планинскиот венец Кораб - Дешат - Јабланица, откаде се спушта на југозападниот дел на Охридското Езеро. По должината на оваа граница, на албанска страна остануваат триесетина населени места со македонско население, во долината на реката Дрим, западно од Дебар, и во областа позната како Голо Брдо и три села на брегот на Охридското Езеро околу градот Подградец. Од јужниот брег на езерото, јазичната граница свртува на југоисток и преку планината Галичица излегува на југозападниот брег на Преспанското Езеро, а оттаму продолжува на југ и преку планината Мокра Гора излегува на Грамос, југозападно од Костур. На овој дел од границата, на албанска страна, остануваат десетина села на западниот брег на Преспанското Езеро и три села источно од Корча, Република Албанија.

На македонско - албанското јазично пограничје, на потесен ареал живее мешано македонско и албанско население. Оваа област ја зафаќа територијата на правецот Скопје - Тетово - Гостивар - Дебар - Струга - Подградец - Корча. Во овој дел населението главно е двојазично.

Viktor Krstevski
Admin

Posts : 14
Join date : 2008-12-21

http://makedonski.board-directory.net

Back to top Go down

Дијалекти на македонскиот јазик Empty Re: Дијалекти на македонскиот јазик

Post  Viktor Krstevski Sun Dec 21, 2008 12:13 pm

Југ

На југ, македонскиот јазик граничи со грчкиот јазик, на целиот простор од планината Грамос па се до реката Места во Тракија. Според Божидар Видоески и повеќе други лингвисти, јазичната граница навлегува многу подлабоко на југ од денешната државна граница меѓу Македонија и Грција. Така, македонскиот јазик може да се слушне се до линијата Грамос - Бер - Солун. Од Солун таа продолжува на исток и преку областа Богданско (каде се наоѓаат многу познатите, во дијалектологијата села Сухо и Висока) излегува на реката Места, малку посевероисточно од градот Драма.

Во ареалот на македонско - грчката јазична граница, на поширок простор во Егејска Македонија, живее мешано македонско и грчко население. Во северозападниот дел од Грција, покрај македонско, живее и грчко, албанско и ароманско население. Тука населението во голем процент е трилингвално.

Viktor Krstevski
Admin

Posts : 14
Join date : 2008-12-21

http://makedonski.board-directory.net

Back to top Go down

Дијалекти на македонскиот јазик Empty Re: Дијалекти на македонскиот јазик

Post  Viktor Krstevski Sun Dec 21, 2008 12:14 pm

Исток

На исток, македонскиот јазик граничи со бугарскиот јазик. Според македонските лингвисти, оваа граница ја претставува планинскиот венец Доспат - Рила. Од Рила границата свртува на северозапад, малку посеверно од Благоевград (Горна Џумаја) и излегува на државната граница меѓу Македонија и Бугарија. Официјалната позиција на Бугарија е дека во рамките на нејзината територија не се зборува македонски јазик, а на бугарските лингвисти дека всушност, македонскиот е самиот по себе, дијалект на бугарскиот јазик. Според повеќе меѓународни извори, македонскиот јазик се зборува во Бугарија, но не се даваат конкретни податоци за бројот на говорниците ниту пак за нивната припадност кон определен дијалект на македонскиот јазик.

Македонското население во Пиринска Македонија, која е во составот на Бугарија, покрај службениот бугарски јазик го употребува и својот мајчин (роден) македонски дијалект. Во источните делови на Пиринска Македонија и во делови од Егејска Македонија до Солун јатовиот глас се изговара како во Источна Бугарија - дјадо (дядо), нјама (няма), млјако (мляко) наместо дедо, нема, млеко и т.н.

Viktor Krstevski
Admin

Posts : 14
Join date : 2008-12-21

http://makedonski.board-directory.net

Back to top Go down

Дијалекти на македонскиот јазик Empty Re: Дијалекти на македонскиот јазик

Post  Viktor Krstevski Sun Dec 21, 2008 12:15 pm

Север

На север, македонската јазична граница се поклопува со државната граница меѓу Македонија и Србија

Viktor Krstevski
Admin

Posts : 14
Join date : 2008-12-21

http://makedonski.board-directory.net

Back to top Go down

Дијалекти на македонскиот јазик Empty Re: Дијалекти на македонскиот јазик

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum