Глагол

View previous topic View next topic Go down

Глагол

Post  Viktor Krstevski on Sun Dec 21, 2008 7:11 pm

Помошен глагол сум
Сегашно време Минато определено време Минато неопределено време Заповеден начин
сум бидам бев сум бил -
си бидеш беше си бил биди
е биде беше бил -
сме бидеме бевме сме биле -
сте бидете бевте сте биле бидете
се бидат беа биле -

[уреди] Прости глаголски форми

[уреди] Сегашно време
а-група и-група е-група
Едн. 1 л. викам носам предам пијам
2 л. викаш носиш предеш пиеш
3 л. вика носи преде пие
Множ. 1 л. викаме носиме предеме пиеме
2 л. викате носите предете пиете
3 л. викаат носат предат пијат

[уреди] Заповеден начин
а-група и-група е-група
Едн. 2 л. викај носи стој преди кажи пиј
Множ. 2 л. викајте носете стојте предете кажете пијте

[уреди] Минато определено време

* Минато определено свршено време (аорист)

а-група и-група е-група
Еднина 1 л. извикав износив избројав остарев паднав реков умрев измив
2 л. извика износи изброја остаре падна рече умре изми
3 л. извика износи изброја остаре падна рече умре изми
Множина 1 л. извикавме износивме избројавме остаревме паднавме рековме умревме измивме
1 л. извикавте износивте избројавте остаревте паднавте рековте умревте измивте
3 л. извикаа износија избројаа остареа паднаа рекоа умреа измија

* Минато определено несвршено време (имперфект)

а-група и-група е-група
Едн. 1 л. викав носев предев пиев
2 л. викаше носеше предеше пиеше
3 л. викаше носеше предеше пиеше
Множ. 1 л. викавме носевме предевме пиевме
1 л. викавте носевте предевте пиевте
3 л. викаа носеа предеа пиеја

[уреди] Глаголска л-форма

Несвршени глаголи

* земал, носел, броел, стоел, плачел, пеел, пиел, идел, наоѓал

Свршени глаголи:

* зел, донел, избројал, станал, заплачал, испеал, допил, дошол, нашол

Глаголската л-форма во основа е минат партицип. Служи за формирање минато неопределено време.

Минатото неопределено време служи за прекажување на дејства, на кои не сме биле сведоци, туку ни се соопштени од друг. Во прекажувањето најчесто се јавуваат формите за трето лице (Но малу по малу започнаа разговор и таа разбра оти тој бил од Прилеп). Начинот на прикажувањето со минато неопределено време во вакво значење е најобичен во народните прикаски. Во него нѐ воведува веќе самата почетна формула (си бил еден... ) (Си биле двајца браќа, едниот - постариот - женет, а другиот неженет; работата им била трговци.).

Втор случај е кога земаме личен (ироничен или инаков) став кон она што го кажал некој за нас (Јас сум му ги зел парите!). Доста често се јавуваат вакви состави во кои на прекажаната форма во второ или трето лице се надоврзува форма за прво лице, која не е веќе прекажана, ами значи директно соопштување (Ти си дошол, ама јас не сум бил дома.)

Формите за прекажување не им се спротивставуваат само на формите од минатите определени времиња, ами можат да служат и за прекажување на дејства што во директното кажување идат во сегашно време (Тој вели не јадел сега).

[уреди] Глаголска придавка

Глаголската придавка се образува од сите глаголи: преодни (женет, насмеан) и непреодни (паднат, дојден, беган, шетан), затоа називот “пасивна глаголска придавка” не ѝ одговара. Таа се сврзува со помошниот глагол има, нема во различни временски конструкции: го имам земено, имам дојдено, немам шетано итн. (овде ги губи обележјата на родот и бројот - во овие форми влегува само со формата за среден род еднина).

Наставките за образување на глаголските придавки се две:

-н (-на, -но, -ни); -т (-та, -то, -ти) (втората се придава кај глаголите со општ дел на н, њ: станат, бањат).

Основните вокали се а и е.

Основниот вокал а се среќава кај глаголите од а-група и од е-група, а-раздел:

* викан, набран, напишан, станат

Глаголски придавки од глаголи со општ дел на н:

* станат; бањат; гонет, ранет, женет, ценет; викан, беган;

Двојни форми кај глаголските предавки од глаголи со општ дел на н:

* женет - женат; сменет - сменат

Двојни форми кај глаголските придавки од глаголите, во кои во минато свршено време се губи вокалот од општиот дел:

* бран - берен; дран - дерен; клан - колен; млен - мелен;
* бројан - броен; сеан - сеен; кројан - кроен; пеан - пеен итн.

Двојни форми и кај глаголските придавки, кои се образуваат од непрефиксирани глаголи од и-група и е-група (а-раздел):

* бројан - броен, кројан - кроен; пеан - пеен; сеан - сеен; (кај префиксираните глаголи единствено можни: испеан, насмеан, посеан)

[уреди] Глаголски прилог

Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со наставка -јќи: викајќи, бегајќи, носејќи, смеејќи се итн. Формата бидејќи се употребува како сврзник.

Основниот вокал е а (во а-група) и е - во другите две групи.
а-група и-група е-група
префрлајќи одејќи пиејќи
доаѓајќи носејќи бришејќи

[уреди] Глаголска именка

Глаголската именка се образува од несвршени глаголи (како и глаголскиот прилог) со наставка -ње: викање; бегање; дерење - драње; спиење - спање итн.

Во македонски има и извесен број глаголски именки на -ние од свршени глаголи (за апстрактни поими) - решение, образование, издание.

Viktor Krstevski
Admin

Posts: 14
Join date: 2008-12-21

View user profile http://makedonski.forumotion.com

Back to top Go down

View previous topic View next topic Back to top


Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum